-8 C
Скопје

Новата сезона во НБА лигата ќе започне во декември!?

„ЕСПН“, поточно новинарот Адриан Војнаровски, информираше дека постои можност НБА сезоната 2020/21 да започне веќе во декември годинава.

Адам Силвер, комесарот на НБА лигата, после завршувањето на минатата сезона истакна дека не знае кога ќе стартува новата, но се надева дека тоа ќе се случи во јануари.

Но, поради пандемијата на коронавирус можни се нови промени, првите луѓе на лигата се надеваат на враќање и на публиката, но од тоа и натаму нема никакви најави.

Раководството на најсилната кошаркарска лига во светот ќе се состане оваа недела за да разговара за почетокот на сезоната.

Се разгледува варијанта на скратено првенство кое би започнало на 25 декември. Лигата ја зема сезоната 2011/12 како примерен модел, кој, поради локаутот, започна на католички Божиќ и заврши на крајот на јуни.

Прочитајте и...  Против Чиле да покажеме дека вредиме барем за втор круг!

Поврзани вести

ВИДЕО: Харден и Дурент режираа спектакуларна победа над Јанис и Милвоки

Слободен печат

ВИДЕО: Златан Ибрахимовиќ, човек за кого нема граници!

Слободен печат

Митревски: Да продолжиме во ваков ритам и на наредните три мечеви!

Слободен печат

Евролига: „Кралевите“ на колена, фантастичната Црвена звезда го освои Мадрид!

Слободен печат

Единствени без бодови, ја стартуваме главната фаза против Словенија!

Слободен печат

Николов е новиот „волк“, Македонецот ќе игра за Лече

Слободен печат

Остави Коментар