Новата сезона во 2МФЛ ќе стартува со дербито Беласица – Пелистер

фото: fcpelister.com.mk

Денеска со жрепка се дознаа паровите од првото коло во новата сезона 2023/2024 од Втората македонска фудбалска лига.

Пелистер кој се очекува да биде еден од главните кандидати за враќање во елитата за прв противник ќе ја има Беласица.

Потоа, екипата на Детонит Плачковица која заврши како петтопласирана минатата сезона на домашен терен ќе игра против Вардар Неготино.

Победа која испадна од прволигашкото друштво ќе се сретне против Тетекс кој пак успеа во мај преку бараж да обезбеди опстанок во 2МФЛ.

Официјално шампионатот ќе стартува на 12 август, а натпреварите ќе стартуваат од 17.00 часот.

На следниот линк ТУКА можете да го погледнете распоредот за Втора МФЛ

2МФЛ
2023/2024

1. коло, двојки –

БАШКИМИ – ОХРИД Лихнидос
ПОБЕДА – ТЕТЕКС
ОСОГОВО – БЕСА
БЕЛАСИЦА – ПЕЛИСТЕР
НОВАЦИ – АРСИМИ
КАМЕНИЦА САСА – СКОПЈЕ
ДЕТОНИТ Плачковица – ВАРДАР Неготино
КОЖУФ – КАРАОРМАН

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот