Новата чешка влада нема да го воведе еврото

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Новата чешка влада нема да го воведе еврото, изјави денеска идниот министер за финансии, пренесува Ројтерс.

Иако петте партии кои ја сочинуваат новата владејачка коалиција на десниот центар генерално го поддржуваат воведувањето на еврото, ова прашање не е високо на нивната агенда во следните четири години.

„Мораме да ги доведеме во ред јавните финансии, па дури и некој да го сака еврото, сега немаме шанси да го воведеме бидејќи не ги исполнуваме критериумите“, рече Збинек Станјура од Граѓанските демократи, кои најверојатно ќе ја преземат министерството за финансии.

„Еврото треба да се воведе кога е поволно за Чешка“

Според Министерството, чешкиот буџетски дефицит оваа година ќе изнесува 7,7 отсто од БДП, што е двојно повеќе од 3 отсто пропишани за влез во еврозоната.

Станџура верува дека има уште една причина за одложувањето.

„Наш долгогодишен став е дека еврото треба да го воведуваме само кога тоа е поволно за Чешка, што досега не беше случај“, изјави тој за новинарите на брифингот на телевизија.

Новата коалиција очекува да ја договори владината програма и поделбата на должностите до 8 ноември, кога за првпат се состанува новиот парламент.

Партијата на Станура, најсилната во коалицијата, е најрезервирана кон еврото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот