Нова студија покажа како кората од банана може да биде корисна во исхраната

Profimedia
Фото: Профимедиа

Секој пат кога ќе излупите банана и ќе ја фрлите кората, фрлате вкусна, хранлива закуска, тврдат научниците.

Една неодамнешна студија покажа дека ако корите од бананите се бланшираат, исушат и измелат во брашно, може да се користат за правење печива со подеднакво добар вкус, ако не и подобар, од производите на база на пченица, пишува Science alert.

Не само што е совршено безбеден, туку научниците, исто така, покажале дека е навистина добро за вас.

Кога нивните експериментални производи биле тестирани на вкус, потрошувачите изјавиле дека се задоволни од вкусот.

Студијата покажа дека можете да добиете доволно количество влакна, магнезиум, калиум и антиоксидантни соединенија.

Од друга страна, додавањето на премногу брашно од кора од банана резултирало со тоа колачињата направени во студијата да бидат малку кафеави и тврди, веројатно од сите дополнителни влакна. Но, кога се правеле со брашно кое содржи 7,5 отсто кора од банана, текстурата на колачињата била многу подобра.

Како бонус, може да стои на полицата три месеци, на собна температура.

Додека студијата се занимавала само со последиците од додавањето кора од банана во печените колачиња, резултатите покажуваат дека за користењето брашно од кора од банана во леб, колачи и тестенини, исто така, вреди да се размисли.

Минатата година, на пример, една студија за колачот со кора од банана покажа дека жолтата кора на овошјето дава природна боја на печениот производ, како и хранливи материи.

Во меѓувреме, една студија од 2016 година покажа дека замената до 10 отсто од пченичното брашно со брашно од кора од банана може да го збогати печениот леб со поголема содржина на протеини, јаглехидрати и масти.

Јадењето на кората од ова овошје не само што е здрава опција, туку може да помогне и да се намали фрлањето на храна. Околу 40 отсто од тежината на бананата е во нејзината кора, а главно оваа кора, полна со хранливи материи, едноставно се фрла.

Секако, корите од бананите се прилично нутритивно бескорисни во исхраната кога се во сурова состојба. Но, ако се подготват правилно, тие навистина можат да го подобрат вкусот на храната. Тие дури можат да го продолжат рокот на траење на некои производи бидејќи лушпите имаат антиоксидантни и антимикробни својства.

Истото важи и за други лушпи на овошја, како што е кората од манго, за која исто така е откриено дека ги засилува антиоксидантните својства на колачите и го подобрува нивниот вкус.

Затоа, следниот пат кога ќе излупите банана, размислете да ја задржите кората. Вашиот стомак може да ви биде благодарен за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот