Нова провокација: Даут Харадинај на северот на Косово без придружба на полицијата и специјалните сили

Поранешниот шеф на парламентарната група Алијанса за иднината на Косово, Даут Харадинај, денес објави дека е на северот на Косово.

Оваа посета се случува еден ден по „неуспешниот спектакл“ на Албин Курти и Вјоса Османи на северот од Косово, пренесува порталот Репортери.

Порталот Балкани.инфо објави фотографии од Харадинај од северот на Косово, наведувајќи дека тој бил таму сам и без придружба на полицијата или специјалните сили.

Колку за потсетување, Албин Курти и Вјоса Османи, кандидати за пратеници на движењето Самоопределување, вчера го посетија северниот дел на Косовска Митровица, нешто што предизвика незадоволство кај група Срби во тој град.

Курти и Османи пристигнале во градот со цел да посетат албански семејства во северниот дел на Митровица, иако предизборната кампања за изборите на 14 февруари сè уште не е започната, пренесува РТС.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот