Нова катастрофа за животната средина: 300 мртви желки на плажите во Мексико
Најмалку 300 мртви морски желки се појавиле на брегот на Тихиот Океан во Мексико, јавува Би-Би-Си.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Раните истражувања покажуваат дека маслиновите желки (Lepidochelys olivacea) се удавиле, изјави претставник на мексиканското Министерство за животна средина.
Тој додаде дека најверојатно биле заплеткани во нелегални рибарски мрежи на отвореното море.
#NEWS: 300+ sea turtles found dead on Mexico beach — Illegal fishing nets hurting sea life pic.twitter.com/i6esdoVOji
— 44vibe (@44vibeTV) October 28, 2021
Нивниот број се намалува
Меѓународната унија за зачувување на природата и природните ресурси ги прогласи маслиновите желки за ранлив вид, што според класификацијата значи дека постои веројатност да станат загрозени доколку не се преземат заштитни мерки.
Унијата предупредува дека нивната популација се намалува, а тие се ранливи бидејќи се размножуваат на ограничен број локации. Желките се пронајдени на плажата Моро Ајута во регионот Оахака во западно Мексико, каде што желките доаѓаат да ги снесат јајцата, јавува Би-Би-Си.
Ужас на англиските плажи: Илјадници мртви животни на бреговите, последица на загадувањето?


