Ужас на англиските плажи: Илјадници мртви животни на бреговите, последица на загадувањето?

Мртви ракови на англиските плажи/Фото: Akhin Jayaraj / Panthermedia / Profimedia

Илјадници морски животни, повеќето мртви, во огромен број се исфрлени на плажите во североисточниот дел на Англија, што предизвика стравувања дека за случајот е виновно загадувањето.

Живи и мртви ракови, јастози, риби и други животни продолжуваат да се полеваат на песокот покрај бреговите на Тисајд, помеѓу Марск и Солтбурн, а локалните жители велат дека тоа е „најлошото“ нешто што го виделе. Слични сцени се забележани долж брегот кај Ситон Кери, како и на северниот дел од земјата, во Шехам.  

Агенцијата за животна средина потврди дека покренала истрага за мистериозната појава, со цел да се открие дали се виновни високите емисии на штетни гасови и загадувачки материи. 

Жителката на Марск, Шерон Бел, која секојдневно шета по плажата во близина на нејзината куќа, изјави дека бројот на суштества континуирано се зголемува во последните две недели. Бел отишла на прошетка во понеделникот рано наутро за да го фотографира изгрејсонцето со нејзиниот сопруг, а кога стигнале на плажата, биле преплашени кога на плажата пронашле огромни купишта мртви и живи ракови и јастози. Следните неколку часа се обидувале да ги вратат сите живи ракови во водата.  

„Бев целосно шокирана и тажна кога видов алги до половината полни со илјадници мртви и живи ракови и јастози и разни видови во некои делови. Никогаш не сум видела такво нешто. Беше страшно“ изјави таа за Дејли Мејл.  

Портпаролот на Агенцијата за животна средина за локалните медиуми изјави дека се разгледува дали инцидентот со загадувањето е виновен за оваа необична појава.  

„Работиме со партнерите во Центарот за животна средина и Управата за зачувување на рибарството на североисточниот брег за да истражиме зошто стотици мртви ракови лебдеа долж брегот Тисајд и соседните плажи“, рече портпаролот.  

„Беа собрани примероци од вода, талог, школки и ракови и испратени во лаборатории за анализа, за да се види дали инцидентот со контаминација можел да придонесе за смртта на животните. Исто така, споделивме примероци со лабораториите за анализа на болести ЦЕФАС“, додаде портпаролот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот