Нова функција на УЈП преку е-ПДД за „МојДДВ“: Граѓаните ќе можат да вршат проверка на исплатата на повратот на средства

Фото: МИА

Управата за јавни приходи (УЈП) на електронската платформа е-ПДД постави нова функционалност за граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата Мој ДДВ, информираат од УЈП.

Појаснуваат дека секој граѓанин, со најава на својот профил на е-ПДД, има можност во новото прозорче ,,МОЈ ДДВ – До каде е исплатата на повратот“ да изврши увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на „МојДДВ“.

– Преку оваа нова функционалност, граѓанинот може да се информира за тоа дали му е вратен дел од ДДВ за соодветното тримесечје, односно кога е извршена исплатата, дали трансакциската сметка е погрешно внесена (внесената сметка не е лично негова/внесен е број на платежна картичка), како да ја коригира погрешно внесената трансакциска сметка за да се реализира исплатата, наведуваат од УЈП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот