НОВА АНКЕТА ПРЕД ИЗБОРИТЕ ВО ХРВАТСКА: Милановиќ се поблиску до Колинда, расте поддршката за Шкоро

hrvatska pretsedatelski izbori
Фото: Фејсбук/Профимедиа/ЕПА

Вечерва РТЛ објавија нова анкета, која всушност е една од последните пред изборите во Хрватска, а ја подготвила агенцијата Промоција плус, пишува Индекс хр.

Според последните резултати од анкетата, Колинда ја избрале 26,8 отсто од испитаниците (28,6 отсто во декември), Зоран Милановиќ 25,4 отсто (24,3 отсто во декември), а Мирослав Шкоро 21 отсто (16,7 отсто во декември).

Мислав Колакушиќ се оддалечува од водечкото трио, а околу 10,6 отсто од анкетираните го одбрале него за претседател.

Фото: Промоција Плус

Актуелната претседателка, сепак, и покрај тоа што е во водство, таа бележи пад во поддршката во последните четири месеци, и тоа за околу 2 отстотни поени.

Милановиќ, пак, во последните четири месеци оддржува слично ниво на поддршка, со тоа што во декември неговата популарност пораснала за повеќе од еден отстотен поен.

Најголем раст во поддршката, со повеќе од четири отстотни поени во однос на декември, бележи Мирослав Шкоро, кој со тоа им се приближува на Колинда и Милановиќ.

Од друга страна пак, Колакушиќ, бележи пад за 3,5 отстотни поени, пренесува РТЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот