Нов протест за поддршка на Ѓоковиќ: Тука сме да го браниме Новак

Нов собир за поддршка на Новак Ѓоковиќ/ фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Денеска во центарот на Белград се одржа нов собир за поддршка на Новак Ѓоковиќ кој трет ден се наоѓа во хотел за мигранти во Мелбрун, и на него повторно зборуваше таткото на тенисерот, Срѓан Ѓоковиќ.

Срѓан Ѓоковиќ рече дека неогвиот син со ниту една постапка не го заслужил тоа што австралиските власти веќе трет ден му го прават.

– Не ме интересира ништо освен мојот син, тука е целото негово семејство. Не сме тука за да напаѓаме било кого, тука сме да го браниме Новак – рече Срѓан Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ во средата допатува во Мелбурн, но не му беше дозволен влез во Австралија бидејќи му беше одбиена визата. Ѓоковиќ веднаш вложи жалба на ваквата одлука и до понеделник кога федералниот суд ќе донесе конечна одлука, тој е сместен во хотел за мигранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот