Нов пораз на Вардар 1961 во Лигата на шампионите

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

После двете победи по ред во СЕХА Газпром лигата, денеска играчите на Стевче Алушовски не успеаја добрата атмосферата да ја пренесат и во Лигата на шампионите. Во Португалија во својот шести натпревар сезонава тимот на Вардар 1961 кој направи многу технички грешки и загуби од Порто со резултат 27:24.

Одлично Вардарци го отворија мечот, по седум минути игра му дозволија на противникот да постигне само еден гол. Играта на македонскиот претставник одлично функционираше, Ристовски отвори со две одбрани, додека Чупиќ и Валчак донесоа водство од 1:5 во седмата минута.

Но, во наредниот период влегуваше во серија на грешки во нападот, кои Порто немилосрдно ги казнуваше, при водство од 2:5, Чупиќ не успеа да реализира удар од седум метри, додека Ристовски реагираше пребрзо сакајќи да постигне гол од своето место. Тоа домаќинот го искористи, и со два гола во контра напад успеа да го израмни резултатот на 5:5. Алушовски побара и минута одмор, а со голот на Вујин се прекина лошата серија од без постигнат гол цели осум минути.

Порто не му дозволи на Вардар 1961 да се одлепи на нова повисока разлика и во 23 минута израмни на 9:9. Првата предност ривалот ја имаше во 25 минута, за во следната да поведе и со 12:10. Се одигра добро во последните пет минути од првото полувреме, иако домаќинот можеше лесно да замине на одмор со два гола позитива, сепак Ристовски одбрани, а Вујин го погоди празниот гол, па на полувреме се замина со нерешени 13:13.

?‍♂️ Тимур Дибиров 9 гола, Ловро Јотиќ 5 гола, Васко Шеваљевиќ 4
? Борко Ристовски 15 одбрани

Posted by RK Vardar 1961 on Thursday, 4 February 2021

Лош беше стартот на вториот дел, Порто забележа низа од четири погодоци, за веднаш да се одвои на 17:13, а Вардар погодува дури после пет минути игра и тоа со удар од седум метри на Дибиров. Немаше континуитет во играта, се правеа многу технички грешки, па не му беше тешко на Порто да се стекне со предност и од пет голови разлика. Новото засилување, Шеваљевиќ играше солидно и ја преземаше улогата на лидер, па токму со негов гол се намали на 21:18, а Ристовски беше одличен на голот со 11 одбрани, но тоа не беше искористено во нападот, следуваше нова грешка на Вујин.

Вардар некако се враќаше во игра, Порто наметна игра во напад без голман, а тоа се искористи и со два гола во контра преку Дибиров се стигна до само еден гол негатива (21:20) во 48 минута. Се одржуваше Вардар во игра благодарение на Борко, кој стигна и до својата 13 одбрана. Но, на четири минути пред крајот, Порто повторно се одлепи, на семафорот стоеше 25:22 и на крајот стигна до бодовите.

Дибиров постигна девет погодоци, следен од Јотиќ кој имаше пет, а на спротивната страна седум голови беа дело на Бранкињо.

За „црвено-црните“ ова е вкупно четврти пораз и моментно последно осмо место во групата „А“ со три бодови. Порто со третиот триумф се наоѓа на четвртата позиција со осум бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот