НОВ КОНКУРС: Германија во потрага по медицински сестри, една болница бара 20 ОДЕДНАШ

Лекари / Фото: МИА

Проектот „Triple Win“, кој работи во склоп на германската организација за меѓународна соработка ГИЗ, денеска соопштиле дека е објавен последниот овогодишен конкурс за вработување на медицински сестри и техничари од општа и педијатриска насока во Германија.

Пријавите се примаат до 4 октомври, а кај германските работодавачи моментално е голем интересот за педијатриски сестри. Една клиника во таа земја моментално вработува 20 педијатриски сестри одеднаш.

Пријавите се поднесуваат на Националната служба за вработување, а главниот услов кој заинтересираните мораат да го исполнат е да имаат завршена четиригодишна медицинска школа.

Исто така, кандидатите би требало да имаат и минимум шест месеци искуство, во последните пет години. Познавање на германски јазик за влез во проектот не е неопходно.

Проектот се спроведува на основа на Договорот за посредување и привремено вработување на работници, државјани на Србија во Германија, склучен во 2013 година помеѓу Сојузните служби за вработување во Германија и Националната служба за вработување во Србија.

Како што е соопштено, проектот соработува со повеќе од 200 работодавци во Германија и сите тие имаат обврска во потпишување на договорот да гарантираат склучување на работен однос со државјани на Србија под истите услови како и за работниците кои веќе работат во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот