Нов кинески систем за надзор препознава лица и низ медицински маски

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Системот може да препознае кој било во група до 30 лица и тоа во временски интервал во само една секунда.

Кинеска компанија ја развива првата технологија за препознавање на лица под хирушки маски, кои, поради епидемијата на коронавирусот, во последните месеци ги носат голем број на граѓани на оваа земја.

Кина користи некои од најсофистицираните светски системи за електронски надзор, вклучувајќи ги и системите за препознавања на лица, пишува „Ројтерс“. Но коронавирусот, кој во провинцијата Хубеи се појави на крајот на минатата година, доведе доа тоа речиси сите луѓе да носат хирушки маски, што претставува проблем поради надзорот.

Компанијата „Hanwang Technology Ltd.“ соопшти дека има технологија со чија помош успешно можат да ги препознаат луѓето, дури и кога носат маски.

– Ако е поврзан и на температурен сензор, системот може да ја мери телесната температура додека го идентификува името на личноста и потоа ги обработува резултатите. На пример, може да открие доколку лицето има температура од 38 степени – појаснува Хуанг Леи, претседателот на кинеската компанија која во земите со англиско говорно подрачје го користи и името „Ханвон“.

„Системот може да препознае бил кој во група до 30 лица и тоа во временски интервал од само една секунда“, нагласува Хуанг и додава дека, кога лицето носи маска, системот е во состојба да препознае одреден човек со точност до 95 отсто.

Фирмата со седиште во Пекинг наведува дека тим од 20 вработени користел технолгија развиена во последните 10 години, а примероци користеле од база на податоци од околу шест милиони непознати лица и многу помала база на податоци на маскирани лица, пренесува „Танјуг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот