Нов драстичен скок на бројот на новозаразени во Грција, четири региони одат во карантин

Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Грчките региони Кавала, Иматиа, Пиерија и Пела, сите во северна Грција, одат во ткн. „мини-локдаун“, откако здравствените власти ги посочија како најкритични во последниот, драстичен скок на бројот на новозаразени со вирусот во земјата, пишува весникот Катимерини.

Ова значи дека во тие региони се воведува полициски час со траење од еден часот по полноќ до шест наутро, како и 24-часовна забрана за музика во сите места за забава, вклучително и баровите и кафулињата.

Ова беше соопштено денеска, откако властите ја објавија новата, ажурирана епидемиолошка мапа на Грција.

Седум други региони се исто така во „црвената зона“, Ахаја, Илија, Месинија, Ираклион, Икарија, Евританија и Арголида, но во нив утре треба да бидат укинати ограничувањата, соопштија властите.

Во Грција во моментов има околу 40.000 активни случаи на ковид-19, а од почетокот на пандемијата, во земјата од болеста починаа 14.311 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот