Јоханес Дале-Шјевдал/EPA/PIERRE TEYSSOT

Норвежаните доминираат во Италија – урнаа рекорд кој го поставија во Пекинг

Норвешка продолжува да пишува историја на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, а ново злато за скандинавската сила донесе биатлонецот Јоханес Дале-Шјевдал

Тој беше единствениот натпреварувач кој ги погоди сите 20 мети на 15 километри, демонстрирајќи совршена прецизност и мирна рака во клучните моменти. Со тоа ѝ го донесе на Норвешка вкупно 17. злато на Игрите, со што беше урнат рекордот за најмногу златни медали освоени од една земја на едни Зимски олимписки игри.

Претходниот рекорд Норвежаните го поставија на Игрите во Пекинг во 2022 година, кога освоија 16 златни медали.

Дале-Шјевдал до најсјајниот медал стигна со време од 39:17.1 минути. Веднаш зад него низ целта помина неговиот репрезентативен колега Стурла Холм Легреид , кој освои сребро со заостанување од десет и пол секунди.

Бронзениот медал замина во рацете на Французинот Квентин Филон Маилет, кој за победникот задоцни 25,6 секунди.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот