Ноктите сушете ги со фен, постои добра причина за тоа!

профимедиа

Кога ќе спомнеме фен, обично нѐ асоцира на сушење коса. Но тоа не е единствената негова функција, бидејќи според советите на експертите, со фен треба да ги сушиме и ноктите на нозете. Можеби овој совет не ви делува здраворазумен, но зад него стои мошне логично објаснување.

Експертката за нокти Дебора Липман вели дека сушењето на ноктите на нозете по туширање е сосема оправдано, бидејќи тоа го спречува развојот на разни габички на ноктите, кои откако еднаш ќе се појават, бараат напорен и долг процес на лекување.

Доколку ноктите сами се сушат на воздух, потребни се 30 минути додека целосно да се исуши водата меѓу прстите и аглите, а токму тоа се местата каде што габичките најчесто се појавуваат, а потоа и се шират.

Ако користите фен, сушењето ќе биде готово за една минута, а со тоа ќе го спречите развојот на габички.

Многумина од нас не размислуваат за тоа што сѐ може да се случи ако не ги негуваме стапалата и ноктите правилно. За габичките најповолна почва се влажните подрачја. За да ја избегнете појавата на габички, не треба да носите тесни чевли. Секогаш избирајте чевли во кои постои можност за циркулација на воздухот.

Не треба да напоменуваме дека редовното менување на чорапите е неопходно, особено ако стапалата ви се склони на потење.

Прв симптом дека веројатно имате габички се белите точки на нозете. Исто така, показател може да биде и сувата кожа на стапалата, како и менувањето на бојата на ноктите на нозете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот