Њукасл планира да го тужи Милан поради Сандро Тонали

фото: EPA-EFE/ALEX NICODIM

Њукасл му се закани на Милан со мултимилионска тужба поради италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали, кој најверојатно ќе биде суспендиран на 10 месеци поради нелегално обложување на натпреварите на кои играл, пишува „Кориере дело спорт“.

Тонали во летниот преоден рок пристигна во Њукасл од Милано за 70 милиони евра, а оваа сезона одигра 10 мечеви за англискиот клуб во сите натпреварувања.

Италијанските медиуми пренесуваат дека првите луѓе на Њукасл се гневни, бидејќи одвоиле огромна сума на пари за Тонали, кој поради суспензија нема да игра до крајот на сезоната, а ќе го пропушти и Европското првенство.

Раководството на англискиот клуб планира да ја суспендира платата на Тонали која изнесува околу осум милиони евра по сезона.

Фудбалерот призна дека се обложил на натпреварите на кои настапувал за Милан и Бреша, но бидејќи соработувал со италијанските власти, најверојатно ќе биде казнет со само 10-месечна забрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот