Сандро Тонали ќе биде суспендиран на 10 месеци од фудбалот

фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Италијанската фудбалска федерација би можела да го суспендира играчот на Њукасл, Сандро Тонали на 10 месеци поради кршење на правилата за обложување, пренесува „Скај Италија“.

Италијанските медиуми пишуваат дека Тонали, наводно, се согласил на договор за признавање вина со федерацијата, кој вклучува терапија поради зависност од коцкање.

Фудбалерот на Њукасл беше со своите адвокати во италијанското обвинителство каде призна дека се обложил на натпреварите на Милан.

Исто така, се наведува дека Тонали во текот на истрагата соработувал со италијанските власти, поради што би можел да биде суспендиран на 10 месеци.

Медиумите претходно објавија дека фудбалерот на Њукасл може да биде казнет на 16 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот