Ништо од најавеното големо засилување за Ливерпул: Фудбалерот ги помина и прегледите, но трансферот пропадна
Екипата на Ливерпул без најавеното засилување, откако Кристал палас не даде „зелено светло“ за трансферот на Марк Гуехи, и покрај тоа што англискиот репрезентативец ги помина медицинските прегледи и постигна личен договор со „црвените“.
Препорачано
Одлуката на лондонскиот клуб да го блокира трансферот предизвика разочарување кај фановите на Ливерпул, кои очекуваа дека токму Гуехи ќе биде новата сигурност во дефанзивната линија во средниот ред. Од друга страна, оваа вест беше дочекана со олеснување од страна на навивачите на Палас, кои остануваат со еден од своите највредни играчи во ростерот.
Според медиумските извештаи, менаџерот Оливер Гласнер отворено се противел на продажбата на Гуехи, па дури и заканил со оставка доколку трансферот биде реализиран.
Целата ситуација дополнително се искомплицирала поради неуспешните преговори со Игор Хулио од Брајтон, кој требаше да биде алтернатива за Ливерпул во случај на пропаѓање на договорот со Гуехи.
🚨⚠️ BREAKING: Marc Guehi-Liverpool deal has COLLAPSED.
Despite medical done and deal sheet submitted, Crystal Palace don’t approve the move following Igor deal off.
Guehi stays at #CPFC. 🦅 pic.twitter.com/xlfF2ap24T
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 1, 2025


