„Нинтендо“ се повлекува од Русија

Нинтендо / Фото EPA-EFE/IAN LANGSDON

Јапонскиот гигант „Нинтендо“ објави дека ја суспендира продажбата на игри во Русија преку својата онлајн продавница и ги прекинува своите операции во сè поизолираната земја. Промените, кои стапија на сила вчера, следат по суспензијата на „Нинтендо“ на испораките на производи во Русија во март 2022 година по инвазијата на Украина.

Руските клиенти сè уште можат повторно да преземаат претходно купени содржини, но не може да се вршат нови плаќања или да се креираат нови сметки, соопшти Нинтендо. По суспензијата на пратките и како резултат на економските изгледи, Нинтендо од Европа одлучи да го затвори работењето на својата руска подружница, се вели во соопштението.

„Информациите за плаќање поврзани со сметките на Nintendo, како што се информациите за кредитна картичка или сметката на PayPal, се избришани од безбедносни причини“, се додава.

Расте бројот на мултинационални компании кои целосно или делумно го прекинаа своето работење во Русија од почетокот на војната во Украина. Некои ги наведоа деловните тешкотии како причина, додека други го поврзаа потегот директно со гневот поради одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да испрати војници во Украина минатиот февруари.

Ривалот на „Нинтендо“, „Сони“, во март минатата година ја суспендираше испораката на софтвер и хардвер во Русија и работата на нејзината продавница за „ПлејСтејшн“ таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот