Николовски: Живееме во заробена држава – продукт на две партии кои одлично функционираа во времето на Груевски (ВИДЕО)

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

Тенденцијата на власта е разбирлива што побрзо да се оди на избори, бидејќи се наоѓаме во ситуација каде што вегетираат одредени важни институции. СДСМ како партија е ставена во една незгодна ситуација да мора да го следи словото на законот и на Уставот, но истовремено е ставена во ситуација да почитува одредени демократски принципи, каде што сите партии би учествувале на тие избори, особено што сега сме подемократизирани очите на меѓународната заедница се насочени кон Македонија и како ќе се однесува во вакви кризни ситуации и мислам дека ќе мора да наоѓа начин да избалансира.

Мислам дека инаетите на политичките лидери ќе се надминат и дека на изборите ќе одат сите, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, новинарот и аналитичар Љубиша Николовски.

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека добро функционираат со ситуација на развластена власт.

– Нема да претерам ако кажам дека ние овие месеци живееме во една заробена држава, не само од Корона вирусот, туку и од политички аспект и тоа најмногу поради тоа што сме заложници на политичките интриги на две политички партии кои вака функционираа во минатите 10 години во владеењето на Никола Груевски, а тие партии се ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Во ситуација на развластена власт и нефункцинирање на важни институции во државата, тие го искористија тој простор и се покажа дека добро функционираат – претседателот на Собранието до ДИК.

Во ваква ситуација кај што не функционираат институциите и законот, институтот политички дијалог кој што не е правен институт го дигнаа на највисоко можно правно или параправно ниво. Затоа Македонија секогаш се соочува со проблемот на правна држава. Изненадува што Мицкоски и ДУИ декларативно се залагаат за владеење на правото и како најголема маана на оваа власт го посочуваат токму тоа, а од друга страна не се придржуваат до Уставот и законите туку до некаков политички договор кој што може да не функционира, без разлика што можеби СДСМ ќе го прифати 12 или 15 јули, но тогаш може БЕСА или било која друга партија да биде незадоволна и повторно тој инклузивен процес да не биде запазен, смета Николовски.

Анализата околу последната политичка ситуација, датумот за изборите, инклузивноста на која политичките партии се повикуваат, додека некои од нив притоа свесно или несвесно одат контра Уставот и законите, погледнете ја во видеото од разговорoт помеѓу Сашо Орданоски и Љубиша Николовски:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот