Николовски: Нема најави дека студентскиот живот ќе се врати во нормала, следи реновирање во „Стив Наумов“

Дарио Николовски, директор на Државен студентски центар -Скопје во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за состојбата во студентските домови во услови на коронавирус.

-Во моментов нема најави дека студентскиот живот ќе се врати во нормала, но ние периодов го користиме да го направиме студентскиот живот во домовите подобар. Се сложувам дека учебната година може да заврши ваква, но морам да напоменам дека ние сме подготвени и доколку тие се отворат и оваа година, рече тој.

Следно е реновирање на студентскиот дом „Стив Наумов“, а се работи на подигнување на хигиената на повисоко ниво.

-Знаете дека кон среднита на февруари отворивме 2 блока во „Гоце Делчев“. Следи реновирање во „Стив Наумов“. Проектот е во крајна фаза и очекуваме оваа година да да го добие стандардот кој што го заслужуваат студентите.

Хигиената е еден од приоритетите. И до сега вложувавме многу на тоа поле, но продолжуваме со работа за таа да биде на уште повисоко ниво, истакна Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот