Николов и Начевски ќе судат на Европското ракометно првенство 2024

фото: EPA/EFE

Следното Европско ракометно првенство во машка сениорска конкуренција ќе се одржи во периодот од 10 до 28 јануари 2024 година во Германија.

Потсетување дека најдобрата македонска репрезентација обезбеди пласман на овој континентален собир, се наоѓа во групата „А“ заедно со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.

Денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави кои ќе бидат судиите кои ќе делат правда на натпреварите на ЕП 2024.

Помеѓу нив се и двајцата најдобри македонски судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, што е уште едно нивно големо признание на меѓународната сцена.

Сите 18 судиски парови за Европското првенство можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

Светски рекорд: Македонските ракометари ќе играат против Франција пред 50.000 гледачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот