Николоски: ДУИ веќе нема свежи идеи што да понуди на граѓаните, потоната во сопствените проблеми

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, денеска при посета на Ѓорче Петров на средби со граѓани, одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за најавите на Али Ахмети дека ДУИ станува зелена партија, рече дека во недостиг на проекти и идеи, владејачката коалиција СДСМ-ДУИ се занимава со ПИ-ар алатки, како и дека ДУИ се враќа на корените односно како што истакна тој ДУИ и така стартувала во 2001 година како зелена партија од горите и планините на Македонија.

-Очигледно е дека во недостаток на свежи идеи на владејачката коалиција СДСМ – ДУИ единственото што се занимаваат се ПИ-ар алатки, односно три дена водат во стилот на оние познати кампањи на големи мултинационални компании кога нешто најавуваат, кога сите очекуваат што ќе е тоа, па нели билборди без текст се ставаа во градот само со одредена боја, па после тоа имаше еден збор итн. Видени финти, нема друг збор освен финти. Видени финти кои што не поминуваат кај гласачите – вели Николоски.

Според Николоски, очигледно е дека ДУИ веќе нема свежи идеи што да понуди на граѓаните, потоната во сопствените проблеми, во криминалот и корупцијата. -Второ, ДУИ си се враќа на корените, имено тие стартуваа некаде во 2001 година токму како зелена партија од горите и планините на Македонија, така што очигледно се враќаат на корените.

Николоски истакна дека при посета на Општината Ѓорче Петров имале средби со граѓани и трибина на која разговарале за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во земјава, како и состанок со општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Она што е неподелено мислење на граѓаните кои што ги сретнaвме денес е дека Ѓорче Петров очекува промени на локалните избори кои што ќе се случат во октомври-ноември месец оваа година. Постои огромно незадоволство од работењето на актуелниот градоначалник кој што скоро и да нема ништо реализирано од тоа што беше ветено пред четири години во изборната програма – истакна Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот