Никола Ѓорѓиев прогласен за МВП на натпревар од одбојкарската Лига на шампионите

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев, вторпат сезоната е прогласен за МВП (најкорисен играч) на натпревар од Лигата на шампионите на ЦЕВ.

Со словенечката екипа на АЦХ Волеј Љубљана во рамките од четвртото коло во групата „Е“ триумираше со 3:1 во сетови против германскиот Дурен.

Нашиот играч Ѓорѓиев придонесе во победата со 18 поени, поефикасен беше само неговиот клупско коега, Матеј Кој кој запиша 19.

Моментно на табелата во групата „Е“ води Перуца со девет бодови, седум има АЦХ Волеј Љубљана, пред Дурен (три) и Зират Банкаси (два).

Пет првопласирани екипи од сите групи одат директно во четвртфиналето, а второпласираните и уште еден најдобро третопласиран ќе се борат за борат за останатите три места кои водат во четвртфиналната фаза на ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот