Никогаш не се шишала, ниту се фарбала – Денес има коса која е подолга од неа (ФОТО)

инстаграм

Малгорзата Кулчук никогаш не се шишала ниту пак се фарбала, а нејзината природно костенливо-плава коса кога таа стои достигнува до подот.

Оваа студентка која живее во Лондон има коса со должина од 157 сантиметри. Таа целосно е здрава иако никогаш во животот не ја ишишала. Таа последен пат ги скратила врвовите пред пет години.

Малгорзата за странските медиуми изјави дека започнала да си прави плетенки кога имала седум години и дека започнала да ја негува својата природно убава коса со цел да изгледа како „Златокоса“.

Оваа 34-годишна девојка денес има коса која достигнува до подот, а интересно е тоа што таа никогаш не планирала да пушта толку долга коса.

Како што раскажа за медиумите, сестрата и пријателите и рекле дека нејзината коса е толку негувана, што воопшто нема причина да ја шиша.

Оваа девојка вели дека нема никаква посебна рутина која и помага да ја одржува косата здрава и силна, единственото нешто што го користи е серум од мешавина од различни масла. Таа серумот го става на скалпот еден час пред да ја измие косата. Многумина вела дека Малгорзата убедливо ја има најдолгата коса на светот, а благодарение на тоа таа стекнала и повеќе од 11.000 следбеници на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот