„Ник би сакал ова да биде славење“: Вдовицата на актерот Кордеро кој почина од коронавирусот со емотивна порака

Во чест на актерот Ник Кордeро, неговата вдовица Аманда Клотс организираше комеморација со пријателите, а за обожавателите сподели емотивна објава.

Актерот кој беше ѕвезда на Бродвеј почина на 41 годишна возраст, како последица од коронавирусот. За својот живот се бореше 95 дена, но ја изгуби битката на 5-ти јули.

Сопругата Клотс сподели фотографија со синот Елвис кој има една година, а под неа напиша порака која предизвика солзи во очите на читателите.

Instagram

„Ник, би сакал ова да беше славење. Ајде да се смееме, да споделиме убави приказни и да пееме за него. Тој тоа го сакаше. Неговиот дух е овде“.

Таа додаде дека ожалостените ја свиреле песната „I’m Here“ од Бродвеј верзијата „The Color Purple“ – претстава што некогаш го оставила парот без зборови.

„Кога ја слушнав синоќа, ме погоди текстот во втората половина на песната“, сподели Клотс.

„Исплашена сум од новата ситуација, од болката, загубата за да бидам доволно силна да го надминам ова. Но, знам дека Ник е над мене, верува во мене и се надева на мене. Тој сака да го живеам овој нов живот и да ја покажам најдобрата верзија од себе, поради нашиот син. Јас му ветив во болницата дека ќе се обидам да го сторам тоа. Кога го слушнав овој текст вчера, помислив: Кога се сомневам дали можам да го надминам ова, ќе ја слушам оваа песна. Тоа ќе биде моето мото“.

IMDB

„Ова е долго патување напред и надолен пат за кој никогаш не помислив дека ќе се случи. Никој не може да ми каже како да го сторам, но морам да го сторам тоа. Можеби ги правам работите како што треба или погрешно. Не постои совршен начин. Имам верба дека Бог го води патот и дека Ник е наш ангел “, заврши Клотс.

Фото: Naser Chawroka: Flickr

„I’m Here – The Color Purple“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот