Незадоволни навивачите на Реал бидејќи Алаба најмногу гласови му додели на Меси

фото: EPA-EFE/Yoan Valat

Фудбалерот на Реал Мадрид и капитен на репрезентацијата на Австрија, Давид Алаба му даде најмногу поени на Лионел Меси во гласањето за наградата The Best на ФИФА, додека на второто место го стави својот соиграч Карим Бензема.

Кога резултатите од гласањето станаа јавно достапни, Алаба доби лавина критики на социјалните мрежи, особено од навивачите на Реал.

Освен расистичките коментари, многумина му пишаа да го напушти Реал Мадрид. Австриецот излезе и објасни зошто гласовите се така наредени:

– Австриската репрезентација како тим гласа за оваа награда, а не само јас. Сите во советот на тимот можат да гласаат и така се одлучува. Сите знаат, особено Карим, колку му се восхитувам на него и на неговите настапи – објави Алаба на социјалните мрежи.

Потсетуваме, Меси заврши како победник, а зад него беа Килијан Мбапе и Карим Бензема.

ФИФА само потврди: Меси е најдобриот фудбалер за 2022 година!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот