ФИФА само потврди: Меси е најдобриот фудбалер за 2022 година!

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Вечерва во ФИФА во Париз ги доделуваше наградите за најдобрите во изминатата година, а очекувано главната награда заврши во рацете на Лионе Меси.

Оваа награда „The Best“ ФИФА ја доделува од 2016 година кога одлучи да се одвои од „Франс Фудбал“ кој ја доделува „Златната топка“. Кристијано Роналдо беше добитник на првите две награди, потоа Лука Модриќ беше најдобар во 2018, Меси наградата првпат ја освои во 2019, а потоа двапати во низа победуваше Роберт Левандовски.

Аргентинецот вечерва се израмни со полскиот голгетер и Португалецот како играчи кои најмногу ја добивале наградата. Изборот и можеше да се очекува откако Меси ја предводеше Аргентина до светската титула на Мундијалот во Катар каде што исто така беше прогласен за најдобар играч.

Покрај Меси во потесна конкуренција беа уште Килијан Мбапе и Карим Бензема која претходно ја освои „Златната топка“ на „Франс Фудбал“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот