Фото: Ars Electronica / Flickr

Неврохирург откри: Пет најдобри намирници за зајакнување на мозокот и зa подобро памтење

Многумина внимаваат на својата исхрана за да одржат витка линија, но често забораваат колку храната влијае на здравјето на најважниот орган – мозокот.

Долготрајното консумирање нездрава храна и пијалаци може сериозно да ги наруши неговите функции. За среќа, здравата исхрана за мозокот не е комплицирана, а неврохирургот д-р Брајан Хофлингер, издвои пет лесно достапни намирници за кои е докажано дека „ја зголемуваат силата на мозокот“, пишува „Ши фајндс“ (She Finds).

Лиснат зелен зеленчук

Не е случајно што нашите родители нè охрабруваа да јадеме зелен зеленчук. Намирниците како спанаќ, кељ и брокула се исклучителни корисни за целокупното здравје, а особено за мозокот.

Д-р Брајан Хофлингер истакнува дека лиснатиот зелен зеленчук е „полн со хранливи материи“ за кои е докажано дека „го забавува когнитивниот пад“.

„Сметајте ги како гориво за вашите мозочни клетки“, живописно објаснува тој. Ако јадењето сиров зелен зеленчук е предизвик за вас, обидете се да го сварите или да го динстате. Термичката обработка го намалува неговиот волумен, што го олеснува консумирањето, а може да стане и вкусен прилог.

Мрсна риба

Иако секоја риба е добар извор на протеини, докторот ги издвојува мрсните риби како што се лососот, сардините и бакаларот како исклучително корисни за здравјето на мозокот.

„Овие риби се полни со омега-3 масни киселини, кои се поврзани со пониски нивоа на бета-амилоид, протеин кој формира штетни наслаги во мозокот на луѓето со Алцхајмерова болест“, објаснува д-р Хофлингер.

Препорачува консумирање две порции неделно, а за оние кои не сакаат риба, советува растителни извори на омега-3 масни киселини, како што се ленено семе и ореви.

Бобинки

Љубителите на јагоди, боровинки и капини имаат причина да слават. Ова вкусно овошје не е само уживање, туку и моќен сојузник на здравјето на мозокот.

„Бобинките како јагоди, капини и боровинки се полни со флавоноиди, кои се едни од најмоќните антиоксиданти и можат да помогнат во подобрувањето на вашата меморија“, вели д-р Хофлингер.

Дополнително, тој истакнува дека бобинките имаат антиинфламаторни својства, можат да го намалат ризикот од развој на рак и да придонесат за зајакнување на имунитетот.

Кафе и чај

Добри вести за сите кои не можат да замислат ден без кафе или чај.

„За сите љубители на чај и кафе, студиите покажаа дека кофеинот го подобрува фокусот, па дури и може да помогне во зацврстувањето на новите сеќавања“, објаснува неврохирургот.

Утринската доза кофеин навистина може да го разбуди мозокот и да ни даде енергија.

Сепак, неврологот предупредува на умереност и советува да не се претерува.

„Обидете се да не консумирате кофеин попладне, бидејќи може да влијае на вашиот сон“, додава тој како клучен совет за одржување на квалитетен одмор.

Јаткасти плодови

Еден грст јаткасти плодови е идеална здрава ужина, а кога станува збор за здравјето на мозокот, оревите се издвојуваат.

„Јаткастите плодови, особено оревите, се богати со еден вид омега-3 масна киселина наречена алфа-линоленска киселина (АЛА), која е поврзана со подобрени когнитивни перформанси и подобро здравје на срцето, кои се клучни за одржување на мозокот во врвна форма“, вели докторот.

Оревите се многу разновидни – можете да ги додадете во јогурт, овесна каша или да ги консумирате сами како хранлива ужина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот