Неверојатно вкусен рецепт: Баклава со вишни!

Image: 340445663, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Liudmyla Lysenko / Alamy / Alamy / Profimedia

СОСТОЈКИ:

 6 кори за пита и баклава

– 500 грама вишни

– 400 мл вода

– 400 грама шеќер

– 2-3 круга портокал

– ванилин шеќер

– 2 јајца

– 2 лажици шеќер

–  100 мл масло,

– 70 грама гриз

– 150 мл јогурт

– 1 прашок за печиво

 

ПОДГОТОВКА:
Прво пригответе го шербетот – измешајте ги водата, шеќерот, ванилиниот шеќер и парчињата портокал. Варете 15-20 минути и оставете да се излади. Во еден сад измешајте ги јајцата, шеќерот, гризот, маслото, јогуртот и прашокот за печиво. Земете една кора и намачкајте ја со филот. Над неа ставете друга кора и повторете ја постапката. Ставете ја третата кора и на неа ставете ги вишните. Завиткајте во ролна и ставете на намачкано тавче, па одозгора премачкајте со филот. Повторете ја постапката со останатите три кори. Ролатите испечете ги во рерна загреана на 190 степени околу 40 минути или додека добијат златеста боја. Печените ролати прелијте ги со изладениот шербет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот