Неверојатно патување: Морска желка пливала 24.000 километри низ Медитеранот
Следењето на движењата на морската желка наречена Гумуш (Сребрена) покажа сосема нови миграциски рути досега забележани за овој вид, откако беше откриено дека патувала 24.000 километри низ Медитеранот, пренесува „Анадолија“.
Препорачано
Гумуш, и друга желка – Алтин (Златна), биле опремени со опрема за сателитско следење пред да бидат пуштени во морето во јули 2024 година во Анталија, на медитеранскиот брег на Турција, како дел од проектот на Турската асоцијација за еколошки истражувања, следење и заштита на морските желки (ЕКАД).
Додека Алтин ја следел класичната рута по либискиот брег, Гумуш тргнал по сосема неочекувана рута, по напуштањето на Анталија, преминувајќи го отвореното море, останувајќи близу до грчките острови, достигнувајќи до Сицилија и Италија, пред да се упати кон заливот Хамамет во Тунис.
Потоа Гумуш патувал на запад по брегот на Северна Африка, минувајќи го Појасот Газа, египетското езеро Бардавил и Рас ел Бар, пред да се врати на Сицилија. Од Сицилија продолжил низ Тиренското Море, покрај Сардинија, долж Алжир и во Балеарското Море, а неговата моментална локација е во близина на Торевиеха во Шпанија.
Претставникот на ЕКАД, Онур Кандан, оцени дека желката Гумуш открила сосема нов миграциски коридор во Медитеранот.
– Веруваме дека ова необично однесување е поврзано со зголемувањето на температурата на површината на морето и е јасен знак за климатските промени – рекол Кандан.
ЕКАД ги следи движењата на две поскоро обележани желки, Флора и Фауна, чии рути опфаќаат широки области, вклучувајќи ги бреговите на Либија, Грција и Ибица. Проектот обезбедува клучни податоци за заштита на загрозените видови, бидејќи затоплувањето на водите продолжува да ги менува традиционалните миграциски обрасци низ Средоземното Море.


