Фото: X

Неверојатна приказна од Холандија: Со аматери го елиминираше клубот во кој е вработен

Куп натпреварите ширум Европа често носат интересни фудбалски приказни, кога аматерските клубови добиваат шанса да се соочат со професионалци, па дури и со најдобрите. Токму една таква сензација доаѓа од Холандија, каде четвртолигашот Хугевен приреди вистинско чудо и го елиминираше професионалниот клуб Емен, редовен учесник во холандската Ередивизија, кој сега настапува во втората лига.

Хугевен славеше со минимални 1:0, но резултатот не е најфасцинантниот дел од оваа приказна.

Верувале или не, фудбалерот Герсом Клок, кој ги одигра сите 90 минути за Хугевен и го исфрли Емен од Купот, е всушност вработен токму во клубот што го елиминираше!

 

Клок (35) игра за аматерскиот Хугевен чисто од љубов кон фудбалот, а во исто време работи во Емен како кондционен тренер во стручниот штаб. Така, без ниту денар надоместок, овој искусен дефанзивец му донесе елиминација на сопствениот работодавач.

„Ова е историски момент за клубот, а јас сум дел од тоа“, изјави Клок за „ЕСПН“ по натпреварот.

Интересно е што токму со Емен тој пред неколку години се промовираше во Ередивизија и одигра 17 натпревари во највисокото холандско друштво во сезоната 2018/19. По заминувањето од клубот, Клок пет години настапуваше во третата лига, пред ова лето да се приклучи на Хугевен.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот