„Netflix“ го објави трејлерот за последна сезона од серијата „La Casa de Papel“

La Casa de Papel
Фото: Принтскрин / Twitter/@netflixqueue

Креаторите на популарната криминалистичка серија „La Casa de Papel“ денеска го објавија трејлерот за петтата сезона, која воедно ќе биде и последна. Овој пат, серијата ќе биде поделена на два дела од по пет епизоди, меѓу кои ќе има пауза од три месеци.

Трејлерот започнува со снимка од бандата, која сега е затворена во Централната банка на Шпанија повеќе од 100 часа. Трејлерот исто така го прикажува професорот уапсен од инспекторот Сиера и за првпат нема подготвен план за бегство.

100 часа изгледаа како 100 години“, вели Токио, опишувајќи ја моменталната состојба. „Предавање не е опција“, стои во описот на официјалниот постер од петтата сезона, објавен на твитер-профилот на серијата.

Официјалниот синопсис на петтата сезона навестува случувања и нови борби што може да се видат и на трејлерот.

„Токму кога се чини дека ништо друго не би можело да тргне наопаку, на сцената влегува непријател кој е многу помоќен од сите со кои се соочиле: војската. Се ближи крајот на најголемиот грабеж во историјата, а она што започна како грабеж ќе се претвори во војна“, стои во синопсисот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот