„Нетфликс“ инспириран од драмата на Ѓоковиќ во Австралија: Наскоро следи документарен филм за српскиот тенисер!

Новак Ѓоковиќ
Новак Ѓоковиќ на плажата Брајтон со пехарот од Отвореното тениско првенство на Австралија во 2021 / 22 феврурари 2021 / Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Драмата која се случи околу пристигнувањето на Новак Ѓоковиќ во Австралија по повод Отвореното тениско првенство на Австралија ќе биде прикажана во документарен филм на Нетфликс, пренесува „Дејли мејл“.

Тоа ќе биде вид тениска верзија на документарниот серијал „Drive to Survive“. Наводно, филмската екипа веќе е во Австралија.

Ѓоковиќ и невакциниран ќе може да игра на Ролан Гарос

Серијата ќе ја снима лондонската „Box To Box Films“, а извршен продуцент ќе биде Џејмс Геј Рис. Странските медиуми велат дека филмската екипа ќе го следи тенискиот тим во текот на целата сезона и наводно ќе добие пристап до области како што се соблекувалните и салоните за играчи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Инаку, тенисерот Енди Мареј неодамна коментираше дека би било добро да се направи документарен филм за тенисот.

– Многу луѓе зборуваа за документарниот филм „Drive to Survive“. Гледав неколку епизоди, уживав. Такво нешто би било навистина добро за тенисот, изјави неодамна Енди за „Еуроспорт“.

„Drive to Survive“ е документарен серијал создаден во соработка со Нетфликс и Формула 1 за да овозможи задкулисен увид во возачите и трките на Светскиот шампионат во Формула 1.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Така, документарен филм кој ќе прикаже досега невидени детали за драмата на Ѓоковиќ во Австралија, може да го популаризира тенисот како спорт.

За потсетување, на Ѓоковиќ, кој не беше вакциниран против коронавирусот, му беше укината визата набргу по слетувањето во Австралија. Ѓоковиќ вчера беше потврден на официјалната ждрепка за Отвореното тениско првенство на Австралија и покрај неизвесноста дали владата по вторпат ќе му ја укине визата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Австралискиот премиер Скот Морисон одби да го коментира визниот статус на Новак Ѓоковиќ, велејќи дека министерот за имиграција Алекс Хок треба да одлучи дали ќе го укине или не.

Тениската драма во Австралија резултираше со општо лудило на социјалните мрежи, особено на социјалната мрежа Твитер. За српскиот тенисер во последните пет дена на таа социјална мрежа се напишани околу 150 милиони објави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот