Нетанјаху: Хамас ќе плати висока цена

Хамас ќе плати висока цена за оваа одлука што гранатира израелска територија. Оваа битка ќе трае време и трпеливост, изјави вечерва израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху.

Ние сме среде битка. Вчера и денес, војската изврши напад врз стотици цели на Хамас и Исламскиот џихад. Десетици команданти, вклучително и високи воени функционери, беа убиени. Ние продолжуваме да извршуваме напади. Хамас ќе плати висока цена за оваа одлука што гранатира израелска територија. Оваа битка ќе трае време и трпеливост”, изјави вечерва израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху.

Началникот на Генералштабот на Израел, Авив Кохави, објави дека е подготвен да ги прошири операциите во Појасот Газа, доколку е потребно.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц вечерва по состанокот на политичкиот врв на Израел изјави дека нападот врз Појасот Газа е „само почеток“.

Судирот меѓу израелската армија и Хамас кулминираше вечерва со ракетни напади врз израелскиот главен град Тел Авив, а протестите во Газа продолжија и по ракетирањето на Тел Авив, кое во моментов ги санира последиците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот