Несудениот македонски репрезентативец во АПОЕЛ

apoelfc.com.cy

Станува збор за помладиот брат на Немања Матиќ кој има побогата кариера настапувајќи за Челзи, Бенфика, Манчестер јунајтед…

Пред да се пресели на Кипар Урош играше за Кошице, Б тимот на Бенфика, НАЦ Бреда, Штурм Грац, Копенхаген и Австрија Виена.

apoelfc.com.cy

Иако во 2014 година ФФМ и тогашниот претседател Илчо Ѓорѓиоски го промовираа како потенцијален репрезентативец на Македонија, до сега не запишал ниту еден официјален настап во сениорскиот дрес.

За својот последен клуб како позајмица во Австрија Виена имаше 24 мечеви и четири погодоци.

Копенхаген повторно го испрати на позајмица, една година во АПОЕЛ и со опција за откуп на неговиот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот