Несекојдневен инцидент во Загреб: Жена на 74-годишна возраст физички нападнала 83-годишна жена

Фото;EPA-EFE/ALEX HALADA

Во Загреб денеска се случи несекојдневен инцидент, откако на улица 74-годишна жена физички нападнала 83-годишна жена, пренесуваат Индекс.хр

„Во Нови Загреб, по вербална расправија, 74-годишната жена со дрвен предмет ја нападнала 83-годишната жена“ соопшти полицијата. 

Лекарите ја пренеле повредената 83-годишна во болница, каде е соопштено дека таа се здобила со тешки телесни повреди. 

Причината за нападот се уште не е позната, а истрагата е во тек. 

Видео на денот