Нереди на стадионот „Чаир“: Во прекин куп натпреварот меѓу Шкупи и Шкендија

Шкендија имаше водство од 0:1 во куп пресметката со Шкупи/фото: принтскрин/tv.ffm.mk

Денеска се играат натпреварите од четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија, а се очекува највозбудливо да биде на дуелот меѓу Шкупи и Шкендија.

Но, повторно фудбалот како да е во втор план кога на теренот се овие две екипи.

На стадионот „Чаир“, тетовските „црвено-црни“ поведоа во деветтата минута со голот на Дашмир Елези.

Играчот на Шкендија се радуваше пред домашните навивачи на Шкупи кои тие го сфатија како провокација.

Домашни фанови влетаа на теренот, почнаа да ги напаѓаат гостинските играчи, по што мораше да реагира полицијата.

Судиите се повлекоа во соблекувалните, а потоа и фудбалерите на Шкендија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот