Неонацисти купиле остров кај Дубровник, мештаните се во паника
Купувачите, според жителитите на Дубровник, биле поврзани со неонацистички кругови, а на островот биле забележани „млади во црно кои тренираат во шумата”.
Австриски и германски екстремисти предизвикаа паника кај жителите на Шипан, остров кај Дубровник, откако купиле повеќе недвижности — остров, но ии главниот хотел во местото, кој подоцна го затвориле и го претвориле во приватна вила, пишува vijesti.ba.
Препорачано
Во центарот на приказната е поранешниот австриски платеник и познат десничар Рајнхард Раде, поврзан со неонацистички кругови во Австрија и во Германија. Мештаните тврдат дека на островот биле видени „млади мажи во црно кои тренирале во шумата“, а партизанскиот споменик бил оштетен, според австриските медиуми, објавува Dnevnik.hr.
„Хотелот е срцето на нашето место. Неговото затворање значи дека островот полека умира“, вели советничката Олга Мурати.
Раде и неговите соработници наводно се во контакт со лица под истрага за десничарски екстремизам и обиди за формирање терористичка група, а се поврзани и со организацијата „Хрватска домашна гарда Дубровник“, која во 2019 година положи венци за припадниците на Вермахтот и усташите.
Жителите се во страв, а хрватските институции засега се без коментар.


