Неочекувани, но можни нуспојави по земањето магнезиум

магнезиум Profimedia
Фото: Профимедиа

Дури и ако со храната внесете доволни количини од овој минерал на ден, што е околу 300 мг за жени, а околу 400 мг за мажи, вашиот организам од тоа ќе апсорбира – само една третина! Опасно е ако го имате премалку или премногу во организмот, затоа важно е да пронајдете совршен баланс.

Често имате грчеви во мускулите и постојано сте изморени? Сонот ви e испрекинат, склони сте кон главоболки и раздразливост? Имате аритмија и слабо варење?

Ако сте се препознале во овие симптоми, голема е веројатноста дека страдате од хипомагнеземија, односно недостаток на магнезиум во организмот. Магнезиумот е еден од четирите најзастапени минерали во нашиот организам, кој е потребен за повеќе од 300 телесни функции. Најчесто го има во нашите коски и заби, а нешто помалку во мускулите и меките ткива.

Profimedia
Profimedia

На нашите клетки им е повеќе од неопходен за нормално функционирање: тие го користат за производство на енергија и стабилизирање на своите мембрани. Без магнезиум, нашиот живот е незамислив, а ова се само некои од неговите фантастични функции: правилно функционирање на нервниот систем, опуштање на мускулите (помалку се грчат), здрави мозочни функции, цврсти коски и заби, правилен ритам на срцето, чистење на организмот од токсини, заштита од таложење на тешки метали во мозокот, квалитетен сон и добро расположение, полесно справување со стресот, ублажување на главоболките, спречување на настинките, намалување на штетноста на пушењето.

Сепак, неопходно е да се укаже и на неочекуваните реакции на организмот по земањето магнезиум.

Гадење, грчеви во стомакот и проблеми со варењето на храната

Како електролит, магнезиумот во интеракција со натриумот се таложи во организмот, што може да предизвика негативни последици врз работата на цревата, па тие ќе бидат забавени, а може да се појават и гадење и грчеви во стомакот, објаснуваат нутриционистите. Но, магнезиумот може и да го поттикне варењето. Јасно е дека сумплементите можат да донесат и одредени придобивки.

Ако страдате од запек, магнезиумот може да ја подобри работата на цревата, а и да придонесе за задржување на течностите во цревата што во голема мера ќе го олесни варењето на храната.

Profimedia
Profimedia

Може да дојде до токсичност од магнезиум

Според нутриционистите, резултатот во овој случај е дека може да се појави висок крвен притисок, повраќање, задржување на урината и слабост во мускулите. Сепак, ова е многу ретка нуспојава која се случува кога станува збор за екстремен внес на магнезиум или за веќе постоечки проблеми со бубрезите.

Може да предизвика проблеми во интеракцијата со другите лекови

Ако земате лекови, како што се антибиотици, би требало да престанете да земате суплементи, бидејќи тие можат да влијаат на дејството на антибиотиците. Важно е, поради оваа причина, да разговарате со лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот