Немања Матиќ повторно ќе работи со Мурињо, потпиша за Рома

Немања Матиќ пристигна во Рим/фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Српскиот интернационалец Немања Матиќ од денеска и официјално е нов фудбалер на Рома. Матиќ на „Олимпико“ пристигна на барање на Рома, Жозе Мурињо со кого работеше во Манчестер јунајтед  и во Челси.

– Клубот со задоволство може да го потврди договорот со Немања Матиќ кој стави потпис едногодишен договор со трајност до 30 јуни 2023 година – стои  во соопштението на Рома.

Матиќ за прв пат во кариерата ќе настапува во Серија А, откако најголем дел од кариерата помина во Премиер лигата носејќи го дресот на Челси и на Јунајтед.

– Задоволство и чест ми е што доаѓам во овој клуб и не можам да дочекам да ја почнам сезоната со моите соиграчи. Рома е голем клуб со неверојатни фанови и тренер, Жозе Мурињо кој добро им е познат на сите. Се надевам дека со него ќе оствариме големи работи – рече Матиќ кој е првото засилување на Рома за следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот