Немал мозочен удар: Ратко Младиќ е вратен во притворската болница во Хаг

Осудениот воен злосторник Ратко Младиќ е вратен во притворската болница откако денес беше префрлен во цивилната болница во Хаг, бидејќи лекарите се сомневале дека имал мозочен удар, потврди неговиот син Дарко Младиќ, пренесуваат српските медиуми.

Дарко Младиќ рече дека лекарите не потврдиле дека татко му доживеал мозочен удар и дека го вратиле во притворската болница.

„Разговарав со него и звучеше исто како што звучеше утрово кога разговаравме“, рече Дарко Младиќ.

Ратко Младиќ е на крајот од животот, адвокатите бараат да биде пуштен од затвор

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот