Нема веќе „shuffle“ – бидејќи Адел кажа така. А апликацијата „Spotify“ послуша.

адел
Фото: Принтскрин / Instagram

Адел е повеќе од само гласноговорник за повредените разведени жени – таа застана и на страната на уметниците музичари кои сакаат нивните албуми да бидат преслушувани на начин на кој тие ги подготвиле и намениле за слушателите – по токму тој редослед.

Апликацијата „Spotify“ го промени автоматизираното мешање на песните од албуми по барање на Адел. Претходно, кога би отвориле албум на „Spotify“, ќе видевте мала икона за „shuffle“ во поголемото копче „Play“. Ова значеше дека „Spotify“ ќе започне да ги репродуцира песните на албумот по случаен редослед, што не е секогаш она што корисниците би очекувале (или сакаат) да го направи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spotify (@spotify)

Сега, кога ќе кликнете на „Play“ во приказот на албумот, песните ќе се репродуцираат по планираниот редослед – односно, сè додека имате претплата за Premium. Сè уште можете да го овозможите „shuffle“ со притискање на иконата кога гледате поединечна песна, но тоа едноставно повеќе нема да е автоматски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spotify (@spotify)

Се чини дека Адел побарала од „Spotify“ да ја промени оваа функција, наведувајќи дека албумите треба да се слушаат по одреден редослед, а откако промената беше направена пејачката објави твит порака во која му се заблагодари на „Spotify“.

„Нашата уметност раскажува приказна и нашите приказни треба да се слушаат како што сакавме. Ви благодариме „Spotify“ што слушнавте“, напиша Адел на својот Твитер профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

„Spotify“ подоцна одговори на твитот на Адел, велејќи „Сè за тебе“, сугерирајќи дека потегот е направен како услуга токму за неа и по нејзиното барање.

Крис Мацовски, шеф за музичка комуникација во „Spotify“, го потврди присуството на новата функција.

„Како што спомна Адел, ние сме возбудени што можеме да споделиме дека почнавме да нудиме нова функција „Premium“ која долго време ја бараа и корисниците и изведувачите за да се направи репродукција на стандардното копче на сите албуми. За оние корисници кои сè уште сакаат да измешаат албум, можат да одат во приказот „Now Playing“ и да го изберат копчето за „shuffle““, изјави портпаролот на куќата.

Не е случајност што промената доаѓа само неколку дена по објавувањето на новиот албум на Адел, „30“, кој веќе направи свој „бум“ со популарност меѓу фановите. Песната, „Easy on Me“, го држи рекордот на „Spotify“ за најмногу слушања низ светот напревени во еден ден, исфрлајќи ја к-поп групата „BTS“ од нивниот трон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот