Mилитао, Арнолд и Ѓулер/ EPA/RONALD WITTEK

Нема проблеми само Барселона: Реал остана без двајца фудбалери до крајот на сезоната

Реал Мадрид се соочува со сериозни кадровски проблеми во завршницата од сезоната во која тренерот Алваро Арбелоа нема да може да смета на: Едер Милитао и Арда Ѓулер, двајцата заработиле повреди на задната ложа од втор степен.

Овие вести доаѓаат во незгоден момент за „кралевите“ кога се обидуваат да ја стигнат Барселона на врвот на табелата. Медицинските прегледи потврдиле дека и Милитао и Ѓулер ќе мора да паузираат најмалку три до четири недели, што практично значи крај на нивната сезона на домашната сцена.

Милитао се повреди за време на натпреварот против Алавес во вторникот, додека отсуството на Ѓулер од тренингот во четвртокот веднаш предизвика сомнежи, кои подоцна беа потврдени и со лекарските наоди.

Од клубот официјално ја потврдија состојбата на турскиот репрезентативец:

„По денешните медицински прегледи, кај нашиот играч Арда Ѓулер е дијагностицирана повреда на мускулот бицепс феморис на десната нога. Ќе го следиме неговото закрепнување“.

Набрзо потоа следеше и потврда за состојбата на бразилскиот дефанзивец:

„По извршените тестови, кај Едер Милитао е утврдена повреда на бицепс феморис на левата нога. Неговиот процес на рехабилитација ќе биде внимателно следен“, соопштија од Реал Мадрид.

Инаку, денеска претходно и Барселона потврди дека нема да може да смета на Ламин Јамал исто така до крајот на сезоната.

Заврши сезоната за Јамал

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот