Фото: EPA/Enric Fontcuberta

Заврши сезоната за Јамал

Барселона и официјално потврди дека сезоната за Ламин Јамал е завршена, откако заработи повреда на натпреварот против Селта Виго.

Лекарскиот тим на каталонскиот гигант се одлучил за конзервативен третман на повредата на задната ложа, што практично значи пауза до крајот на клупската сезона за еден од најважните фудбалери во тимот.

Сепак, охрабрувачки се информациите дека Јамал би требало целосно да закрепне навреме за настап со Шпанија на Светското првенство, кое стартува на 11 јуни.

И покрај овој удар, Барселона и натаму е во добра позиција во домашното првенство, каде што има солидна предност во однос на Реал Мадрид, предност која тешко дека ќе ја загрози и отсуството на Јамал.

Каталонците веќе се простија од настапите во Лига на шампиони, како и од Купот на Шпанија, каде трофејот заврши кај Реал Сосиедад.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот