Нема место за паника! Струјата не поскaпува!

Цената на струјата ќе остане иста, па така граѓаните можат да здивнат.

Според Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) нема промена на цената на струјата, нема да има ниту ценовен шок, ниту пак какви било корекции. Сѐ останува како што е досега, освен што од понеделник, 1 јули, почнува со работа новиот универзален снабдувач кој ќе им испорачува струја на домаќинствата по регулирана цена.

Во пресметката на универзалниот снабдувач влегуваат трошоците за набавка на струја, за пренос кон МЕПСО, трошок за дистрибуција и плус маржата од 11,5 проценти добиена на тендер за избор на универзаелен снабдувач.

Според новиот Закон за енергетика, РКЕ повеќе нема обврска да ја утврдува цената на државните електрани. Цената ја утврдува самата компанија врз основа на пазарните услови. ЕВН Хоум веќе ги обезбедила потребните количини електрична енергија за граѓаните и малите поторшувачи на аукција.

Од први јули универзалниот снабдувач ќе има обврска да обезбеди струја за сите домаќинства кои со либерализацијата не излегоа на слободен пазар. Сметките отсега нема да доаѓаат од ЕВН Македонија, туку од ЕВН Хоум.

Пазарот на електрична енергија во Македонија е либерализиран од 1 јануари 2019.

Универзалниот снабдувач со електрична енергја ќе снабдува струја за домаќинствата и малите потрошувачи кои не избрале снабдувач на отворениот пазар. Цените на струјата ќе бидат усогласувани еднаш годишно од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот