Нема гаранција дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во преговорите, вели италијанскиот амбасадор
Нема правна или политичка гаранција што може да ѝ се даде на македонската влада дека нема да има нови блокади од Софија, вели во интервју за ТВ24 амбасадорот на Италија во Македонија, Паоло Палминтери.
Препорачано
-Не постои правна или политичка гаранција која може да се даде бидејќи процесот на проширување е со поглавја и мерила за овие поглавја. Тоа е многу комплицирано и секој чекор бара едногласност од европската страна, што значи дека секоја гаранција до одреден степен ќе има мала вредност. Најдобра гаранција би била поинаква клима на доверба меѓу Северна Македонија и нејзиниот сосед“, изјави Палминтери.
Според него уставните измени и Копенхашките критериуми и понатаму ќе бидат важен сегмент од пристапниот процес.
-Уставните измени беа посочени како последен услов за отворање на преговорите. Потоа, добрите односи со соседите се еден од Копенхашките критериуми па тоа мора да остане во текот на целиот процес. Морам да ви кажам, уверен сум имајќи го искуството од преговорите на Хрватска, а претходно и со Словенија како соседни земји, Италија имаше отворени прашања со овие земји. Но откако станаа полноправни членки на ЕУ и се придруживме во истото семејство, овие билатерални прашања кои изгледаа толку важни, целосно ја изгубија политичката релевантност, вели тој.


