Нема да се вратат во Лондон: Кејт Мидлтон и принцот Вилијам остануваат на селскиот имот се до смирување на здравствената криза

Фото: Профимедиа

Војвотката и војводата од Кембриџ се уште не се во можност да се вратат во Лондон…

Кејт и Вилијам престојуваат заедно со своите три деца во нивната мирна оаза, палатата Анмер Хол во Норфолк уште од пред католичкиот Божиќ.

Домот кој се наоѓа во селото Анмер е одалечен 3 километри од резиденцијата на кралицата Елизабета во Сандрингем, каде британското кралко семејство се до оваа година заедно ги прославуваше божиќните празници.

Иако се веруваше дека кралскиот пар ќе се врати во Лондон пред 6-ти јануари, со цел седумгодишниот син, принцот Џорџ и две години помалата принцеза Шарлот да се вратат во приватното училиште, тоа сепак не се случи поради катастрофалната епидемиолошка ситуација во Велика Британија, продолжениот карантин и затворањето на училиштата до половината на февруари.

Фото: Профимедиа

Поради тоа од планираното враќање во Кенсингтонската палата засега нема да се случи, а изгледа дека во Анамер Хал војвотката од Кембриџ ќе го прослави и својот 39-ти роденден на 9 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот