Нема да се воведе забрана за увоз на свинско месо од Шпанија, заклучено е дека нема африканска чума

Врз основа на анализите од шпанските надлежни институции, не е утврдено присуство на вирусот африканска свинска чума во ниту една фарма во Шпанија, потврди шпанскиот амбасадор Емилијо Лорензо Сера на денешниот работен состанок со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски во Скопје.

На состанокот, информират од МЗШВ, амбасадорот Лорензо Сера, даде цврсти гаранции дека во Шпанија не е утврдено присуство на вирусот во ниту една фарма, а овие информации се совпаѓаат и со известувањето од Светската организација за здравствена заштита на животните, во кое се посочува дека во Шпанија не е регистрирана појава на африканска свинска чума.

Затоа, порачуваат од МЗШВ, врз основа на сите овие информации, Агенцијата за храна и ветеринарство не воведе и нема да воведе забрана за увоз на свинско месо од Шпанија.

„Во заедничка комуникација и соработка со владите на Шпанија, Бугарија и Европската комисија, ќе се продолжи со истрагата што се случувало со пратката од свинско месо, во која од страна на АХВ беше утврдено присусутво на вирусот африканска свинска чума“, посочуваат од МЗШВ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот